Поповска во Европскиот Парламент против насилство врз жените и сексуална експлоатација

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, учествува на неделата на борба против насилство врз жените и сексуална експлоатација, во Брисел, од 14ти до 17ти октомври, организирана од Европското женско лоби.

Како претставник на Македонското женско лоби и дел од мониторинг групата за примена на Истанбулската конвенција за борба против насилство врз жените, учествуваше на дводневна конференција за креирање на програма за 2020 година.

На денешниот настан во Европскиот Парламент тема беше борбата против сексуална експлоатација и потребата од забрана на проституцијата и сексуалното насилство.

Говореа европратеници, поранешни жртви на сексуална експлоатација и активисти. Шведска, Франција и Ирска се земји во кои е забранета проституцијата во целост, по 20 години борба.