По повод празникот 11 Октомври делегација на ДОМ предводена од Љупчо Јаневски, генерален секретар на ДОМ, Емил Крстевски и Наде Пешева, членови на Централниот одбор на ДОМ, положија свежо цвеќе на Алејата на великаните на Градските гробишта во Скопје. Делегација на ДОМ во состав Маја Морачанин, претседателка на ДОМ, Ана Петровска потпретседателка на ДОМ и Александар Пандиловски, член на ДОМ Куманово, положи свежо цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово. Делегација на ДОМ положи свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов-Ченто и на Могилата на непобедените во Прилеп.