Љупчо Јаневски: Ѓубрето не е мое, но Охрид го носам во моето срце!

Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и генерален секретар на ДОМ ја поддржа акцијата за чистење на Охридското Езеро и крајбрежјето во градот!

Со поддршка на Делегацијата на ЕУ во земјава, во Охрид се одржа акција за чистење на дното на Охридското Езеро и на крајбрежјето од цврст отпад, како дел од пошироката кампања „Чисто како дома исто“ што ја спроведува ЕУ.

Во акцијата се вклучи и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, кој најави дека во иднина и тие ќе организират слични акции, со цел што почисти туристички дестинации, односно земјава да стане препознатлив туристички бренд и преку чистотата.

– “Проблемот со чистотата не е сегашен. Задоволство е што се повеќе се буди свеста кај граѓаните за важноста на чистата природа и животна средина. Во истражувањата што ги спроведува Агенцијата се погласни се забелешките на туристите дека нехигиената влијае врз нивната перцепција за дестинацијата”.