ДОМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија!

ДОМ на сите граѓани им го честита државниот празник 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија! Оваа година одбележуваме 28 години од нашето осамостојување, горди на нашето минато и со стремеж за просперитетна европска иднина.

Остануваме цврсто посветени на реализирање на нашиот стратешки приоритет за независна македонска држава, интегрирана во НАТО и ЕУ. Со заокружувањето на процесот за полноправно членство во НАТО се обезбедува стабилноста и просперитетот на нашата држава. Очекуваното започнување на преговорите со ЕУ е поттик за понатамошен развој на европските вредности за демократија, правда, почитување на човековите права, социјална правда, одржлив економски развој и зголемен квалитет на живот на сите граѓани.

Нека ни е честит Денот на независноста на Македонија!