Прва кривична пријава за недозволено депонирање отпад

При вондреден инспекциски надзор во општина Бутел на ул. Александар Урдаревски од страна на Инспектори за Животна средина од Инспекторат на Град Скопје констатирано е дека се врши недозволено депонирање на секаков вид отпад (градежен шут, комунален отпад и др.) за кој се врши наплата од страна на лица кои беа затекнати на локацијата. Сторителите ќе бидат гонети согласно Кривичниот законик на РСМ.

извор: Инспекторат на Град Скопје