ДОМ на конференција за зелени градови во Осло

Христина Оџаклиеска и Ивана Здравеска, советнички од зелената партија ДОМ, во општините Кисела Вода и Аеродром, учествуваа на конференцијата “Градови на иднината-зелениот пристап”, во организација на Европските зелени, од 21 до 22 јуни, во Осло.

На конференцијата се презентираше визијата за зелените градови на иднината и се разменија искуства помеѓу локалните советници од цела Европа.

Осло беше избран за зелена престолнина на Европа за 2019 година. Оваа престижна награда беше доделена поради придонесот за намалувањето на емисиите на штетни гасови од сообраќајот преку стимулирање на употребата на електрични автомобили и велосипеди, зачувување на природата, како и планот за намалување на стакленичките гасови за 95% до 2030 година.