Акција на ДОМ за ослободување на дрвата

Денес, зелената партија ДОМ спроведе акција за ослободување на “заробените дрва“. Активистите од ДОМ ослободија 4 дрва од дрворедот Кеј 13 Ноември, покрај Вардар. Целта на акцијата е да се поттикнат надлежните институции да се интензивира ослободувањето на дрвата.

Од истите причини советникот во градот Скопје и потпретседател на ДОМ, Христа Најданов постави советничко прашање до каде е процесот на ослободување на заробените дрва. Одговорот од градот е дека досега се ослободени 20 дрва и се планира интензивирање на процесот во нарениот период.