ДОМ е континуирано на страната на отпорот против отворање на рудникот Иловица на падините над Струмичко Поле. Тој проект е антиеколошки и ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Гледано правно, тој замислен рудник има документи со одамна истечени рокови, слично на Казандол. Нема ниедна основа институциите да дозволуваат однесување на сопствениците како се да е во најдобар ред, па сега им останале уште археолошките истражувања, па да продолжат со копање огромен базен во планината!?
Рудникот Иловица треба да се заборави и поради тоа што предвидената технологија е во спротивност со измените на Законот за минерални суровини, со кој се забрани употреба на цијаниди и сулфурна киселина во рудници со отворен коп. Оваа одредба важи за сите рудници што треба да аплицираат за концесија. Таков е и Иловица, тој е рудник во најава, без валидни документи и концесија.
Пратеничките на ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин, го подготвија текстот за Законот за минерални суровини и го поднесоа со група колеги од парламентарното мнозинство токму за да ги спасат граѓаните од отворање 80-ина опасни рудници ширум Македонија. Законот беше усвоен во јануари 2019 година и тој треба да се почитува.