ДОМ: Очекуваме ЕУ да го исполни ветеното

ДОМ го поздравува десеттиот позитивен извештај од Европската Комисија за напредокот на Македонија и препораката за започнување преговори за пристапување кон ЕУ. Очекуваме во јуни ЕУ да го исполни ветеното и зборот да биде збор, зашто Македонија ги има исполнето сите зададени услови уште од минатата година!

Европскиот Совет во јуни 2018 донесе заклучок дека датум за преговори ќе се добие во јуни 2019 година. Евентуалното пролонгирање на датумот би било големо разочарување за сите демократски граѓани на Македонија, кои ги негуваат и почитуваат европските вредности.

Почетокот на преговорите со ЕУ ќе биде награда за вложените напори и стимул за нови постигнувања во насока на изградба на прогресивно демократско општество со високи стандарди за живеење. Свесни сме дека има уште доста пат и работа пред нас, но заслужуваме процесот да започне!