Развигор Кабранов, советник во Општина Кавадарци – Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Минатата година по моја иницијатива беа одделени еден милион денари за печки на пелети, кои беа поделени на 120 семејства. Активно учествувам во изработка на новиот петгодишен ЛЕАП, со кој ќе се утврдат загадувачите и ќе се преземат мерки за решавање на овој проблем. Во тек е изработка на стратегија за селектирање на цврстиот комунален отпад што треба да биде бесплатна, како и стратегијата за искористување на плинот.