ДОМ останува ДОМ–Демократска обнова на Македонија

Промена на име на партија? НЕ, нема таква обврска. Според Договорот секоја држава си ги користи Македонија и македонски, имајќи ја на ум својата територија. Приватните ентитети си ја користат придавката македонски, а тоа важи и за партиите и невладините, кои се дел од граѓанското општество. Апсурдно е да се исфрли М од ДОМ, зашто ќе се изгуби акронимот, кој значи „дом“ во смисла на државата и Планетата Земја, за кои како зелена партија треба да се грижиме. Земјата како наш дом е дел од еколошката идеологија!