Александар Анѓушев, советник во Општина Карпош – Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Минатата година успеавме да ги сопреме спорните ДУП-ови во Карпош, да засадиме преку 300 развиени дрва низ општината, да ја воведеме акцијата Карпошани на велосипед. Оваа година мора да се сконцентрираме на зголемување на инспекцискиот надзор, за да се спречат формирањето на дивите депонии, нелегалните палења и бучавата од кафеаните. За зелен Карпош треба одржлив урбанизам, кој покрај урбаното зеленило, го регулира греењето во домовите, нормалното паркирање, капацитетот и пропусноста на улиците за сообраќајот, и друго.