Претседателката на ДОМ и координаторка на интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата Маја Морачанин, на покана на францускиот амбасадор Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, говореше за активностите кои групата ги презема за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето и нивна заштита од дискриминација, насилство, говор на омраза и стигматизирање.
“Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата дава активен придонес за развој на нашето општество како современо општество во кое се применуваат европските вредности на почитување на човековите права и слободи, принципите на толеранција, ненасилство и недискриминација по било кој основ, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Затоа се залагаме Собранието на Република Македонија да го донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација” – истакна Морачанин.