Во овие денови на енормно аерозагадување во градовите, со концентрации на ПМ10 честички повеќе пати над дозволеното ниво, a Скопје е град со најзагаден воздух во светот, ДОМ бара веднаш да се спроведат следните итни мерки:
- Интензивни инспекциски контроли од страна на државниот и локалните инспекторати на индустријата, сервисите, дивите депонии и запалените стрништа
- Намалување за 50% на согорувачките процеси во индустриските капацитети
- Стопирање на сите градежни активности во градските средини
- Забрана за движење на тешки возила во градовите и ниво упатување на обиколниците
- Воведување “зелена зона” за пешаци, велосипедисти и јавен превоз во централните градски подрачја
- Забрана за движење на возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај
- Бесплатен градски превоз и зголемена фрекфенција на автобуси
- Редовно собирање на сметот и одржување на јавната хигиената
- Интензивирање на реализирањето на краткорочните, среднорочните и долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето, односно транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија и зголемена енергетска ефикасност
Со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на здравјето, ДОМ апелира до граѓаните: да не горат јаглен, отпадно масло, пластика, гуми, отпадоци од боено, лакирано дрво или медијапан, да користат јавен градски транспорт, a при превоз со автомобил, да споделуваат превоз (повеќе патници во еден автомобил).