По повод државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, делегација на ДОМ во состав Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за подршка и развој на туризмот, Слаѓана Стаменкова Томиќ претседателка на Комисијата за животна средина и Анета Поповска од општинската организација на Тетово, положија цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.