Седница на Централниот одбор на ДОМ

ДОМ денеска одржа седница на Централниот одбор на која беше договорено партијата да се вклучи во позитивната кампања на референдумот. Како што предходно беше соопштено ДОМ ја подржа ратификацијата на договорот со Грција, а крајната одлука останува на граѓаните кои ќе се изјаснат на референдум. Затоа смета дека е важно секој граѓанин да излазе и да гласа, зашто само искажаниот став станува видлив и се брои. Ова го темелиме на убедувањето дека стратешки интерес на Република Македонија е влезот во ЕУ и НАТО, а друга алтернатива во моментов не постои.

На истата седница беше донесена и одлука за одржување на редовниот Четврти конгрес на ДОМ во декември 2018 година. За таа цел преку јавна објава во медиумите ќе бидат повикани членовите на ДОМ да се обратат до општинските организациии во своите места на живеење за да го искажат својот интерес за учество во новите органи и тела на партијата.