ДОМ ја поздравува добиената покана за членство на Македонија во НАТО. Поканата овозможува реализирање на цврстата определба на огромното мнозинство граѓани, нашата држава да биде полноправна членка на НАТО алијансата.
Со членството во НАТО се зацврстува безбедноста и стабилноста на македонската држава. Истовремено, тоа придонесува за значителен економски просперитет и благосостојба.
ДОМ е уверен дека добиената покана за членство во НАТО ќе претставува силен мотив за сите чинители во македонското општество, без разлика на партиската, етничката, религиската и било која друга припадност, посветено и одговорно да придонесеме за реализирање на неопходните реформи, во интерес на граѓаните и државата.