Делегација од раководството на ДОМ во состав: Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Христа Најданов, Ервин Реџепагиќ и Ана Угринска викендов учествува на годишното собрание на Европските Зелени, што се одржува во Антверпен, Белгија.
На тридневната сесија се говори за иднината на Европа, со нагласка на социјално-економските прашања, како и за улогата и подготовките на зелените партии за претстојните избори за Европскиот парламент, закажани за идната пролет.
Се дискутира за трансформација на европските градови во зелени функционални средини, за ефикасно справување со загадувањето со пластичниот отпад, за климатските промени и обновливите извори на енергија, како и за предизвиците на пазарот на трудот и за родовата еднаквост во јавниот живот. Споделени се позитивните пракси на зелени градови како Виена, Утрехт, Антверпен, Гент и други.
На ова собрание ќе стане збор и за балканското поврзување на зелените партии во насока на успешно регионално спроведување на зелените политики, каде што ДОМ има активен придонес.