Водно не чува нас, да го сочуваме и ние!

Советничките на ДОМ од Кисела Вода и Аеродром – Христина Оџаклиеска и Ивана Здравеска, денес учествуваа во организирано искачување до врвот на планината Водно, кое е дел од планинарската акција „Го сакам Водно“ организирано од неколку невладини организации. Учесниците во акцијата собираа отпад од патеките и напишаа порака во Книгата на пријатели на Водно.