Јавна дебата „Како да се зазелени урбанизмот?“

Ве покануваме на јавна дебата во организација на Зелениот институт и ДОМ, а со поддршка на Биро де Хелинг од Холандија, што ќе се одржи на 5 мај (сабота), со почеток во 11 часот, во Галеријата КО-РА во Домот на градежници.

Целта на настанот е да се дискутира за решавање на жешките прашања поврзани со урбанизмот, кој го узурпира и дехуманизира просторот, наместо да обезбедува функционални решенија и квалитетно живеење. Дебатата ќе се обиде да најде одговор на актуелните прашања:

1) Како да заживее Законот за зеленило, донесен во јануари 2018, со одредбите за најмалку 20% зеленило на градежна парцела?

2) Низ која правна процедура да се направи ревизија на штетните ДУП-ови?

Јавна дебата

„Како да се зазелени урбанизмот?“

ПРОГРАМА

Модератор е Маја Морачанин, пратеничка од ДОМ.

11:00 – 11:05      Воведно обраќање – Наташа Амдиу, претседателка на Зелениот институт

11:05 – 11:10  Позитивните искуства во општина Центар – Јана Белчева Андреевска, претседателка на советот во општина Центар

11:10 – 11:15      Затекнати состојби со урбанизмот во општина Карпош и другите скопски општини – Александар Анѓушев, советник во општина Карпош

11:15 – 11:20      Како може да се спречи реализација на штетни ДУП-ови, кои се спротивни со ГУП-от и со еколошките одредби? – Д-р Христина Оџаклиеска, советничка во Општина Кисела Вода, Агенција за просторно планирање

11:20 – 11:25      Кои се позитивните искуства од општина Ѓорче Петров? – Бојан Петровски, советник во општина Ѓорче Петров

11:25 – 11:30      Како да се примени концептот на кровни градини со сончеви панели за поздраво и поевтино живеење? – Ана Петровска, инж. архитект и екологист

11.30 – 12.           Дискусија

Поканети се претставници од национални институции, скопски општини, градоначалници, политички партии, граѓански организации и активисти. Сите заинтересирани може да се пријават на dommakedonija@yahoo.com или zelen.institut@gmail.com и тел. 02 5 112 900 и 076 311 601.