Да го зачуваме нашиот заеднички ДОМ

#Ден на планетата Земја

Да го зачуваме нашиот заеднички ДОМ

Вечерта спроти светскиот ден на планетата земја на 21 април во 21:00, зелените партии од цела Европа, од Белгија до Полска, од Македонија до Обединетото Кралство ќе проектираат порака за борба против климатските промени на значајните објекти во нивните градови.

Зелените партии на Европа ги повикуваат сите во борба за зачувување на нашиот заеднички ДОМ кој сите го делиме – ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА.

Карл Саган во „Бледата сина точка“ вели „Помошта нема да дојде однадвор за да не спаси од самите нас“.

Треба да делуваме СЕГА, за да ја зачуваме единствената планета на која постои живот.

Планетата пред профитот, напуштање на фосилните горива и премин кон обновливите извори на енергија.