Поповска – набљудувач на изборите во Азербејџан

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ беше набљудувач на претседателските избори во Азербејџан, што се одржаа на 11 април 2018 година (среда). Во македонската делегација, покрај неа, беа пратениците од БЕСА, Африм Гаши и Неџбедин Карамани, како и од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска и Никола Мицевски.

Македонските пратеници беа дел од големата мониторинг мисија од речиси 500 пратеници, новинари и граѓански активисти од цела Европа.