На денешната завршна сесија на собранието на Европските Зелени што се одржа во Карлштад, Шведска, Демократската Обнова на Македонија беше избрана за полноправна членка.
Со ова ДОМ го заокружи својот развоен пат како зелена партија од Република Македонија и успеа дел од нашето општество да внесе во Европа.
Ова е големо признание и придобивка за партијата, да може рамо до рамо со останатите зелени партии да се бори за напредок на демократијата, човековите права, социјалната правда, како и за заштита на животната средина и борба со климатските промени за спас на Планетата Земја.