„Решавањето на отпадот треба да си го поставиме како европски приоритет на Балканот за сите земји од регионот. Не треба да чекаме поглавјето за животната средина да ни биде побарано од ЕУ како последно за решавање, туку сами да се зафатиме со него затоа што е во наш интерес. Недозволиво е нашите убави земји да бидат прекриени со тони отпад, а водите и почвите да бидат загадени. Постои експертско знаење во институциите, во бизнис секторот и во граѓанскиот сектор, а постојат и огромни можности за користење европски фондови поединечно или регионално за ова цел“, рече пратеничката Лилјана Поповска на годишната конференција на MASWA – Македонска асоцијација за упраување со отпад.
На конференцијата беа претставени проблемите што постојат во секторот со управување со отпад, но и можностите за користење европски фондови.