Искуството на Европските зелени во борбата против загадувањето од рудниците

ДОМ  ја организира Конференцијата во рамките на посетата на делегацијата од Европските зелени, предводена од ко-претседателот и европратеник Reinhard Bütikofer, придружуван од членовите на Извршниот комитет на Зелените Oras Tykknen и Thomas Waitz. Европските зелени ја поддржуваат борбата на ДОМ и на сите еколошки граѓански иницијативи против отворањето на рудници во југоисточниот дел од земјава, кои се штетни за здравјето на населението и можат сериозно да ја загадат животната средина.

Панелисти

  •        Лилјана Поповска, пратеник и претседател на ДОМ
  •        Reinhard Bütikofer, ко-претседател на Европските Зелени и европратеник 
  •        Daniela Bozhinova, Зелените, Бугарија
  •        Димче Балевски, граѓански активист на „Стоп за рудниците“ – Валандово

На Конференцијата се поканети граѓански активисти од цела Македонија, експерти и претставници од соодветни институции.