Со голема тага и неверување ја примивме веста дека нашиот Насер Хот не е веќе меѓу нас. Македонија изгуби голем човек, со големо срце, човек кој ги сакаше сите и кого сите го сакаа. Со неговото прерано и неочекувано заминување ДОМ загуби човек кој што беше еден од столбовите и основачите на партијата. Со неговата неисцрпна енергија, креативни идеи и ведар дух Наско даде огромен придонес во градењето на партијата и во остварувањето на нејзините програмски определби, особено во туризмот. ДОМ му останува засекогаш благодарен за неговиот несебичен придонес.
На семејството Хот му изразуваме длабоко и искрено сочувство за загубата на нивниот сопруг и татко.
Нека ти е вечна слава, драг и почитуван наш Наско. Ќе ни фалиш бескрајно многу.
Со Наско ќе се простиме во капелата на Градските гробишта Бутел, во среда, 2 август, во 10 часот, по што ќе биде извршен погребот.