ДОМ срдечно им го честита празникот Рамазан Бајрамна сите граѓани на Република Македонија од муслиманска вероисповед, посакувајќи им добро здравје, мир и лична благосостојба.
Времето на големите верски празници е и време да се потсетиме дека добрата волја и пружената рака на пријателство се единствен пат на соживот, онака како што налага и докажува вековната традиција на живеење на овие простори. Суштинска е разликата во живеењето едни со други од живеењето едни покрај други, во атмосфера на заемна почит и уважување.
ДОМ и во оваа пригода потсетува дека тоа е можно само со отворено срце и без предрасуди, зашто тоа е единствениот пат кон среќна и просперитетна иднина на сите граѓани во Република Македонија.