ДОМ се чуствува повикан да појасни некои елементарни работи во врска со пратеничките групи во Собранието на Република Македонија, поттикнат од дискусија која се наметна во јавноста за да му наштети на сегашното парламентарно мнозинство.
Деловнички, сите партии или пратеници во Собранието имаат право да се изјаснат дали ќе работат како дел од некоја пратеничка група од минимум пет пратеници, или како независни пратеници. Двете пратенички од ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин, се изјаснија за истиот статус што го имаше Поповска претходно во минатиот период, кога никој тоа не го спореше. Ова е принципиелен став на зелените партии, на кој инсистираат и во другите парламенти.
ДОМ Е и ОСТАНУВА дел од коалицијата со СДСМ и останатите партии и поединци кои се бореа за демократизација и правна држава. Веќе трета година сме на иста линија за потребата од мирна разврска на политичката криза низ два паралелни процеса – политички и правен, поради што бевме дел и на широката Демократска платформа која собра граѓани од различно етничко, верско и идеолошко потекло.