Европските Зелени застанаа во солидарност со членовите на Собранието на Република Македонија и нападнатите новинари
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИТЕ
Брисел, 28 Април, 2017
Коментирајќи ги последните настани во македонското Собрание, копретседателите на Европската Зелена Партија, Рајнхард Бутикофер и Моника Фрасони, рекоа:
“Европските Зелени најостро го осудуваат нападот на Собранието на Република Македонија од страна на националистички насилници. Изразуваме солидарност со пратениците и новинарите кои беа нападнати. Ги повикуваме сите страни во Македонија да покажат разумност и да се воздржат од насилство.
Политичката одговорност за ескалација на тензиите во Македонија ја имаат поранешниот премиер Груевски и претседателот Ѓорге Иванов, кои не сакаа да го испочитуваат исходот од последните парламентарни избори, спречувајќи го лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да ја формира новата Влада за која постои собраниско мнозинство. Веднаш мора да престане попречувањето и блокадата на политичкиот процес. Ги повикуваме високиот претставник Федерика Могерини и комесарот Хан да ги искористат сите расположиви можности за надминување на оваа состојба и за политичка нормализација во Македонија.
Европските Зелени изразуваат солидарност со нашиот македонски член, партијата ДОМ, особено со пратеничката Маја Морачанин и лидерката на партијата Лилјана Поповска. Тие може да сметаат на нашата поддршка во нивните храбри битки. “
Со почит,
Сектор за односи со јавноста