ДОМ: Честит Велигден, мир меѓу луѓето!

ДОМ им го честита Велигден на сите верници од христијанска вероисповед во Република Македонија и им посакува здравје, среќа и убавини! А најмногу од се, посакува мир меѓу луѓето, да се гледаат како блиски – пријатели, роднини, сограѓани!

Да придонесеме сите за повеќе смиреност и мудрост во промислите за земјата и за нејзината иднина, за иднината на нашите деца. Само со заеднички сили, чесни намери и искрена мисла, можеме да ја подигнеме Македонија на нозе, да чекори напред и да ги стигне оние што се пред нас. Нека биде овој голем празник поттик за благородни дела!

Честит Велигден! Христос воскресе!