ДОМ им ја честита Новата Година 2017 на сите граѓани на Република Македонија и им посакува здравје, лична среќа и исполнување на желбите!
Посакуваме Македонија да влезе во процес на позитивни промени кои ќе овозможат трајна политичка стабилност, одржлив економски напредок и висок квалитет на живеењето. Сите заедно треба да придонесеме кон намалување на поделбите во општеството и кон јакнење на социјалната кохезија, преку добра воља, разум и толеранција.
Како граѓани, имаме право на здрав живот, на социјална правда, на работа, на нормален живот во секоја смисла! Да придонесеме за овие мали, а големи цели!