ДОМ: Правилен потег на ДИК со отфрлање на измамничките листи

ДОМ ја поздравува едногласната одлука на ДИК да ги отфрли изборните листи на партијата СДПМ. Тие беа поднесени со очигледна тенденција да измамат гласачи преку лица со слични имиња и адреси како оние на опозициската коалициона листа со СДСМ.

Ова е правилен потег на ДИК кој не прифати несериозни и измамнички листи направени со единствена цел со одземање опозициони гласови. Сите членови на ДИК покажаа професионален однос и интегритет, па очекуваме во тој дух да се однесуваат и во наредниот период пред, за време и по изборите.