(видео снимка)
Изборите на 11 декември ќе бидат од големо значење за Република Македонија. Изборите ќе бидат шанса за надминување на политичката криза и за демократизација на земјата. Приоритет на ДОМ на овие избори е да помогне за демократизација на земјата и за подобрување на условите за живот на сите граѓани на Македонија. Очекуваме дека граѓаните својот глас ќе го дадат за демократски промени, за правна држава, за почитување на човековите права и слободи, за економска благосостојба и за достоинствен живот на младите во својата земја.
Ова беше констатирано на дебата помеѓу Маја Морачанин, портпаролка на ДОМ и Чедомир Саздовски од ГРОМ во емисијата Од наш агол со Лилјана Ѓорѓиева МРТ.