Возењето велосипед станува сè поактуелно. И со причина! Сè повеќе луѓе решаваат патот до работното место или пријателите, да го поминат со велосипед наместо автомобил или јавно превозно средство.
И ако сте помислиле дека за една,,зелена,, инвестиција ви се потребни десетици илјади денари, помислете пак! Благодарение на инвентивноста на една кик-старт компанија, на пазарот се појави тркалото,,GeoOrbital,,.
Со новиот изум вашиот класичен велосипед го преобразувате во електричен, за помалку од 60 секунди.
Видеото во продолжение го објаснува начинот на составување:
Пакетот вклучува сè што ви е потребно за работа на еден Електровелопед, како мотор, батерија, централен погон и специјална резервна гума. Според компанијата , новиот изум е тестиран на стотици велосипеди и работи совршено за вообичаените димензии на тркала.
Дополнителна предност на ,,GeoOrbital,, тркалото е што произведува електрична енергија дури и кога велосипедот е во движење, но не се вртат педалите. Со други зборови, спуштањето по надолнини или користењето на сопирачките дополнително го напојува погонот со електрична енергија. Со едно полнење и просечна брзина од 30 км/ч, електричниот погон може да го движи велосипедот неверојатни 80 км.
Што ќе се согласите е рецепт за успешно и забавно возење со ваков велосипед во секое време.
ДОМ активно и во континуитет се залага за промоција на овој вид на транспорт во урбаните средини, но и надвор од нив како Проектот за изградба на мрежа од велосипедски патеки низ градовите и меѓу нив, за евтино и еколошко движење, и развој на руралниот туризам.
Покрај тоа во Изборната програма во делот на Урбанизмот и Архитектурата, ДОМ предлага и бројни мерки кои се предуслов за слободно движење на велосипедите како :
– Создавање зелени пешачки зони;
– Ограничување на движењето на возила низ градските центри и намалување на профилот на сообраќајниците;
Сево ова е возможно преку спроведување на темелни плански промени. Токму затоа ДОМ како зелена партија, неодамна и официјално предложи Пакет закони во урбанизмот, и тоа нов Закон за просторно и урбано планирање, нов Закон за градење, вистински Закон за зеленило и Закони за Градски архитект.
Првите порачки на новиот погон за трансформација на класичниот велосипед,, GeoOrbital-тркалото,, се можни од почетокот на 2017 година.
ЛИНК КОН ОРИГИНАЛНИОТ ТЕКСТ:
Александар Ивановски