Делегација на ДОМ положи цвеќе по повод празникот 11 Октомври

Делегација на ДОМ во состав Маја Морачанин, Христа Најданов и Љупчо Јаневски, положи свежо цвеќе на споменикот на Ченто и Споменикот на паднатите херои за Македонија, по повод празникот 11 Октомври-денот на почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна во Македонија.