Поповска: Македонија не разви политичка култура на дијалог

„Во изминативе 25 години постигнавме многу, но недоволно. Постигнавме самостојна држава, институции, меѓународно признание. Но не развивме политичка култура на дијалог, за да знаеме да разговараме и со оние со кои не се согласуваме и низ дијалог да дојдеме до решенија. Потребен ни е консензус околу прашања како спорот со името што ни е наметнат од јужниот сосед, концептот на интеркултурализам, или концептот на одржлив развој поврзан со екологијата и заштитата на животната средина.

Потребна ни е политичка култура на дијалог помеѓу чинители од различно етничко и политичко потекло, со различна идеолошка матрица. Мора да научиме да се почитуваме како луѓе, како сограѓани, за да обезбедиме стабилност за Македонија и благосостојба за нејзините граѓани,“ рече Лилјана Поповска, пратеничка од ДОМ, на денешната конференција „25 Години Македонија“ организирана од ОМД – Обединетата македонска дијаспора и МЦМС – Македонскиот центар за меѓународна соработка.