На сите граѓани на Република Македонија им го честитаме 8-ми Септември- Денот на независноста.
По 25години самостојност соочени сме со сериозни предизвици за демократската и просперитетна иднина на нашата земја. Цврсто веруваме дека сите ние како граѓани на Република Македонија , обединети од желбата за правда, почитување на човековите права и слободи и достоинствен живот, ќе бидеме доследни наследници на нашите визионерски претци.