ДОМ смета дека сега е време да се вопостави парламентарна соработка помеѓу Р. Македонија и Грција, преку формирање парламентарни групи за пријателство во двата парламетна.
Парламентарата дипломатија може да биде следна мерка за доверба помеѓу двете земји, за што пратениците можат на порелаксиран начин да ги пренесат желбите на своите граѓани за напредок и развој на двете земји и регионот во целост.
Како Зелена партија чиј идеал е обединета Европа, ДОМ го поздравува продлабочувањето на мерките за доверба помеѓу Р. Македонија и Грција, како преодна фаза кон воспоставување трајни добрососедски односи и соработка во духот на европските вредности.