Комеморативна седница за Тони Ристов – 18.08.2016

Почитувани,

Ве известуваме дека денеска, на 18.08.2016 г. (четврток), со почеток во 18:30 часот ќе се одржи Комеморативна седница за нашиот прерано починат колега, портпаролот на ДОМ, Тони Ристов. Седницата ќе се одржи во салата на Стопанската комора на 5ти кат. На седницата ќе говорат негови колеги и пријатели за неговиот  живот, активизам  и општествен ангажман .

Сектор за односи со јавноста на ДОМ