ДОМ изразува сочувство за жртвите од поплавите и повикува на солидарност

ДОМ изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите од катастрофалните поплави во Македонија. Трагичната катастрофа што ја погоди земјата е мрачен потсетник за силата на природната стихија, но и за одговорноста што е исправена пред човекот како узурпатор на природата.

ДОМ ги повикува сите граѓани на Република Македонија на солидарност со луѓето од погодените подрајча, за да си помогнеме во санирање на штетите и намалување на страдањата.