Jавна дебата „Како ќе се развива Галичица?“

Jавна дебата „Како ќе се развива Галичица?“

21 јуни 2016 година, Ден на Охридско езеро, Охрид, Хотел „Ривиера“, 10ч

Jавна дебата „Како ќе се развива Галичица?“ ќе се одржи на 21 јуни (вторник) 2016 година во Хотел „Ривиера“, Охрид, со почеток во 10 часот. Организатори на дебатата се ДОМ и Зелениот институт, со поддршка од холандската фондација Bureau de Helling.

Јавната дебата ќе се осврнe на плановите за развој на Галичица и влијанијата врз животната средина и луѓето. Граѓанскиот сектор и експертите од разни области веќе изразија загриженост поради амбициозниот план за масовен туризам во националниот парк „Галичица“, со што ќе се наруши режимот на заштита што го има сега, со можност за губење на статусот. На дебатата ќе бидат претставени можните решенија и одржливи начини на развој на регионот, со акцент на алтернативен туризам (велосипедски и планинарски тури, летови со падобрани и параглајдери).

На дебатата се поканети претставници на институции на национално и локално ниво кои имаат надлежности во оваа сфера, како и претставници од граѓанскиот сектор, експерти и медиуми.

За повеќе информации на: 076/311-601, 078/404-165, 078/288-238, како и на мејл-адресите: dommakedonija@yahoo.com и zelen.institut@gmail.com. Во прилог се наоѓа дневниот ред за настанот.