СРЕДБА ПОПОВСКА – ОЕР: ПОБРЗО РЕШАВАЊЕ НА КРИЗАТА СО ИЗБОРИ ВО ОКТОМВРИ

  Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска денеска оствари официјална средба со француската амбасадорка во Република Македонија, Лоренс Оер. Во разговорот стана збор за актуелната политичка криза во нашата земја и за можните скорешни решенија.

Поповска ја посочи неопходноста од одржување фер и демократски избори со кредибилен избирачки список, за чие прочистување е потребна поддршка и од меѓународната заедница. Во тој случај изборите би можеле да се одржат во октомври, со што би се излегло од кризата и би се овозможило нормално функционирање на институциите. Неприфатливо е да се оди на избори со список, кој наместо да се прочисти, се зголеми за нови 135.000 лица.

Поповска ја нагласи и неопходноста од кординација и вклученост во процесот за надминување на кризата и на други партии и граѓански организации.  

На средбата стана збор и за посветеноста на Франција за заштита на животната средина и одржливиот развој, за што дава силна поддршка и на многу иницијативи од нашата земја.

Со почит

Сектор за односи со јавноста на ДОМ