Од ДОМ со згрозеност го гледаме еколошкиот криминал кој повторно му се случува на Водно. Градежната мафија го нападна делот над Детската клиника каде се сечат дрвја за да се пробијат диви патишта од по неколку километри, преку кои ќе се носи градежен материјал за изградба на приватен објект за домување.
Од ДОМ бараме:
- Надлежните од општина Карпош, во чиј опфат се врши овој еколошки криминал, како и Град Скопје итно да излезат на терен и да спречат понатамошни активности на теренот.
- Санкционирање на криминалот со покренување кривична пријава и судска завршница.
- Прекршителот итно да изврши целосно обесштетување за нанесената штета.
- Вистинско враќање на статусот заштитено подрачје на Парк Шума Водно, како и носење на вистински Закон за Зеленило.