ДОМ: На годишно собрание кај Европските Зелени во Утрехт

Делегација на ДОМ учествува на 24-тото Собрание на Европските Зелени во Утрехт од 20 – 22 05. 2016г. Делегацијата на ДОМ е составена од членови на раководството на партијата: Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Симона Саредлиќ и Христа Најданов.

Средбата е посветена на изградба на заедничка стратегија на Европските Зелени Партии за дејствување во услови на мигрантска и финансиска криза, како и на безбедносни закани.Се потенцираше значењето на обединета Европа која на своите граѓани им нуди права, слободи и можности. Зелените сакаат да ја зајакнат Европската Унија како дом за надежта на многу луѓе надвор од нејзините граници.

Претседателката на ДОМ присуствуваше на лидерската средба, а делегацијата оствари средби со членови на раководставата од повеќе европски Зелени партии. Поповска го истакна придонесот на ЕУ како посредник во решавањето на политичката криза како и очекувањата на граѓаните на Р.Македонија за демократски промени и прогрес во склад со европските вредности.