ДОМ изразува загриженост поради случувањата во Идомени на македонско-грчката граница, во кои имаше повредени лица од двете страни. Во меѓународните и домашните медиуми се појавија различни информации, а случајот доби и политичка димензија.
Уште еднаш потсетуваме дека само со солидарна соработка помеѓу Македонија и Грција, базирана на хуманитарното право, може да се олесни тешката положба во која се наоѓаат бегалците во кампот во Идомени, но и да се придонесе за изнаоѓање прифатливо и одржливо решение за бегалската криза во регионот. Во оваа насока ја сметаме за позитивна најавата за одржување балканска конференција за мигрантската криза во текот на април во Солун.