Поповска од ДОМ на средба со мисијата на ОБСЕ/ОДИХР

Претседателката и секретарот на ДОМ, Лилјана Поповска и Христа Најданов, во партиските простории се сретнаа со амбасадорот Јан Петерсен и политичкиот аналитичар Саша Пајевиќ од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Разговарано беше за состојбите поврзани со изборите на 5 јуни, а претставниците од ДОМ ги објаснија партиските ставови за условите во кои тие би се одиграле. Тема на разговор беше и најновата родова квота од најмалку 40% за двата пола на секоја листа и учеството на жените во политиката.