Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, на дебатата организирана од ЦИВИЛ посветена на актуелната политичка состојба во Македонија, предложи одлагање на датумот 5 јуни за одржување избори. Очигледно е дека до тој датум нема да бидат исполнети двата основни услова, а тое е прочистен избирачки список и регулирање на медиумите.
“Во ваква сериозна ситуација ние имаме несериозни институции и избирачки список кој не се знае дали е истиот од минатите избори или некој друг и дали тој список ја отсликува реалната состојба и реалните бројки во земјава, па затоа и граѓаните ја губат довербата во нив”, нагласи претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.
Таа ја критикуваше работата на ДИК и единаесете институции кои ги доставија базите на податоци, полни со нерегуларности. На овој начин овие институции како да си бијат мајтап со граѓаните, ставајки многу личности познати на јавноста во список на спорни гласачи. Истовремено на тој список од 89000 “спорни гласачи”, ги нема иселените, починатите и измислените лица во туѓи станови, амбасади и бензински пумпи.
Поповска изрази уверување дека Mакедонија има капацитет за средување во таа насока доколку во следниот период до есента институциите работат слободно и професионално.