ДОМ: Промоција на Зелената програма во Штип и Пробиштип

Членови на ДОМ со претседателката Лилјана Поповска остварија средби со граѓани  во Штип и Пробиштип.

Разговарано беше за проблемите со кој се среќаваат сопствениците и вработените во приватниот сектор, особено во малите и средни претпријатија нагласена беше потребата од доследно почитување на законите од страна на трудовата и пазарната инспекција, како и работничките права.

Во разговорите ДОМ ги истакна неискористените  можности за отворање илјадници  нови зелени работни места во турзимот, производство и преработка на здрава храна и обновливи извори на енергија.

Ова е дел од Зелената програма на ДОМ.