Пластика што не загадува, туку се јаде!

И покрај штетните последици по човековото здравје и природата, пластиката останува еден од најкористените  материјали на нашата планета. Периодот на нејзиното разградување трае и до 400 години.

Токму овој поразителен факт, инспирира група на истражувачи од нано –технолошката лабараторија при институтот  на Бразилското министерство за земјоделство (Embrapa),  за создавање нов вид на пластичен материјал, изработен целосно од остатоци на овошје и зеленчук.

Новата еколошка пластика поседува подобри својства на издржливост од конвенционалната пластика базирана на нафтени деривати, а најдобрата страна е што може  да се јаде.

Изумот според тимот истражувачи од Бразил има повеќе еколошки страни со оглед на тоа што користи остатоци од овошјето и зеленчукот кои вообичаено би завршиле во отпад.

Новата Еко пластика се изработува од остатоци на билки како, цвекло, папја,  маракуја,  гуава, спанаќ и домати. Се разградува во почвата за неполни три месеци, а може да се користи и како ѓубриво за почвата.

Линк кон оригиналниот текст:

 http://interestingengineering.com/brazilian-researchers-turn-fruit-into-edible-plastic/

Александар Ивановски