ДОМ стана член на Европската Зелена Партија!
На Советувањето на Европската Зелена Партија, кое овој викенд се одржува во Лион, Франција, ДОМ е примен за член на Европската Зелена Партија. Делегатите од сите европски зелени партии, со 95% ЗА, преку електронско гласање, ја поддржаа кандидатурата на ДОМ за приклучување на европското зелено семејство.
На Советувањето како претставници на ДОМ присуствуваа, Лилјана Поповска – Претседателка на ДОМ, членовите на Извршниот одбор на ДОМ Христа Најданов, Маја Морачанин, Симона Сарделиќ и претставникот на МОДОМ Антонио Јовановски.
Во изминатите неколку денови претставниците на ДОМ остварија бројни средби со колегите од другите европски зелени партии, при што на средбите покрај побараната поддршка беа презентирани темелните принципи на ДОМ, постигнатите резултати од политичкото дејствување на партијата во Македонија и идните планови на партијата за поголема застапеност на зелените политики во македонскиот политички систем и во општеството во целина.
Со почит,
Сектор за односи со јавност на ДОМ